22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Романија прогласи воздушна опасност поради руските беспилотни летала во Украина

Во романската област Тулчеа, во близина на границата со Украина, во текот на ноќта беше прогласена воздушна опасност повеќе од еден час, по откривањето на група руски беспилотни летала кои напаѓаа цели во Украина, јави романската агенција Аџерпрес.

„Воздушната опасност во областа Тулчеа е прогласена вечерва во 23 часот и 34 минути. Како резултат на откривање на група беспилотни летала над Црното Море кои летаат кон украинскиот воздушен простор, во близина на романскиот воздушен простор, Националниот воен команден центар го известил Генералниот инспекторат за Вонредни ситуации во 23:34 часот да се воспостави воздушно предупредување во северниот дел на областа Тулчеа“, се наведува во соопштението.

Министерството за одбрана соопшти дека од воздухопловната база Борчеа биле земени два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство, на активна борбена задача на воздухопловната полиција, за следење на состојбата во воздушниот простор./Извор:Makfax