26. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Имавме најдобра економија досега, го имавме тој ѕид, имавме сè“: Трамп вели дека не требало да ја напушти Белата куќа по поразот во 2020 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.

„Ја имавме најбезбедната граница во историјата на нашата земја на денот кога заминав. Не требаше да заминам. Мислам, искрено, затоа што толку добро работевме“, рече републиканскиот претседателски кандидат на предизборниот митинг во Пенсилванија.

Трамп додаде дека сега има „стотици адвокати“ на секое избирачко место за претстојните претседателски избори.

Тој зборуваше за постигнувањата на неговото претседателствување. „Имавме најдобра економија досега. Го имавме тој ѕид. Имавме сè“.

Трамп ги загуби претседателските избори во 2020 година од неговиот демократски противник Џо Бајден.

И денес одбива да го признае поразот. Поранешниот претседател поднесе десетици тужби по победата на Бајден во 2020 година, што пропаднаа на суд./Извор:Makfax