2. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во трагедијата во Нови Сад настрадаа фудбалер и неговата девојка: „Почивај во мир ангели“

Оваа тажна вест ја соопшти Фудбалскиот клуб Потисје од Кничанин, чиј играч бил трагично загинатиот Милош М., со кој во моментот на несреќата со него била и една година помладата девојка Анѓела Р.

Трагедијата во Нови Сад, во која според последните информации загинаа 14 лица, а многумина беа повредени, ги растажи не само граѓаните на Србија, туку и целиот регион.

Од час во час пристигнуваат нови информации за страшната несреќа кога се урна старата настрешница на железничката станица.

Засега е откриен идентитетот на седумте жртви, а меѓу нив се младиот фудбалер Милош М. (роден 2003 година) и една година помладата девојка Анѓела Руман.

Идентификацијата на останатите жртви е во тек, а граѓаните низ Србија преку социјалните мрежи запалија свеќи за жртвите во Нови Сад и им изразија сочувство на семејствата кои останаа без своите најблиски.