22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска до Мицкоски: Ќе го прифатите ли сега Законот на СДСМ за минимална плата од 450 евра?

Цените на производите растат, платите не го следат тоа зголемување, додека мерките на Владата со замрзнување на маржите се целосно неефикасни и не ги дадоа посакуваните резултати. Во октомври споредено со претходниот месец, синдикалната кошничка е намалена за само 57 денари. Толку заштедија граѓаните за еден месец со мерките. На едно четиричлено семејство му се потребни 61.249 денари за да си ги покрие основните потреби во месецот, а просечната плата падна за 1.000 денари, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Тренчевска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе се зголемат платите дека ќе ја зголемат минималната плата, но реалноста е поинаква не само што нема најава за тоа, туку ситуацијата се влошува, а ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економска пропаст.

Често ве слушаме како повикувате на обединување, на подавање рака, тоа досега видовме дека се празни зборови. Што и да предложи опозицијата вие одбивате. Го поднесовме Законот за минималната плата, да се покачи на 450 евра, претседателот на Собранието го одби со некое образложение дека немало фискални импликации, рече Тренчевска, додавајќи дека зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно.

Првиот чекор е поголема минимална плата, сега на 27.700 евра, да можеме во март 2025 година да зборување за минималната плата од скоро 30.000 денари, рече Тренчевска и го запраша премиерот Мицкоски дали сега ќе прифати нешто од опозицијата, дали ќе го прифати овој повик заедно да се донесе, предлог законот на СДСМ за поголема минимална плата од ноември за 450 евра?

СДСМ е подготвена да го дополни и повторно ќе го поднесеме, не се откажуваме од поголеми плати за работниците. Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно, порача пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска од собраниската говорница.