Иран решително и силно ќе одговори на неодамнешните израелски напади, веројатно пред претседателските избори во Америка, изјави за Си-Ен-Ен неименуван висок ирански функционер.
Изворот не го прецизира точниот датум на нападот, но вели дека веројатно ќе биде пред денот на претседателските избори во Америка. Иранските власти во првите реакции за израелскиот напад врз Иран на 25 октомври ја минимизираа сериозноста на тој напад.
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи рече дека овие напади „не треба да се преувеличуваат ниту да се минимизираат“. Израел тогаш за првпат отворено призна дека погодил ирански цели.
Израелската армија го нападна Иран во текот на ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета биле 20 цели во таа земја, пренесе Ројтерс.
Серија експлозии се слушнаа во околината на Техеран веднаш откако израелската армија објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како знак на одмазда за иранскиот напад врз Израел што беше извршен на 1 октомври, пренесува Танјуг./Извор:Makfax