23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

Демократската унија за интеграција смета дека целосното ретерирање на Владата без етнички легитимитет, ја потврди чистотата на проектот Коридор 8 и постапките на претходната власт.

Две години по ред, ВМРО и Влен се противеа и го опструираа проектот, ветија дека ќе го укинат, но без да сменат ниту една точка или запирка во договорот ниту во цената, го прифатија, продолжија, го нарекоа историско достигнување и се обидоа да го присвојат.

Граѓаните знаат дека овој проект е осмислен, подготвен, договорен, потпишан, со ставен камен-темелник и со започнати градежни работите за време на Владата 2020-2024 година.

Следен чекор за овој проект би требало да е Владата да ја врати одлуката делницата од Гостивар до Букојчани да се реализира со тунел, а не со планински автопат, бидејќи тунелот е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот.

Повеќе годишниот политички лов на вештерки пропадна и вистината излезе на виделина, се за доброто на граѓаните.