24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хезболах тврди: Нетанјаху е исплашен бидејќи е наша мета

Новоименуваниот лидер на Хезболах, Наим Касем денеска изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е исплашен бидејќи, како што тврди, е цел на милитантната група.

„Овој пат преживеа, но можеби неговото време сè уште не е дојдено“, рече Касем, мислејќи на нападот на Хезболах врз резиденцијата на Нетанјаху во Цезареја.

Тој додаде дека „Нетанјаху може да биде убиен од Израелец“, за време на еден од неговите говори, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Непријателот мора да знае дека неговото бомбардирање на нашите села и градови нема да не принуди да се повлечеме, а отпорот е силен и тој успеа да испорача дрон во собата на Нетанјаху“, рече Касем во својата прва изјава откако беше назначен на функцијата.

Касем рече дека Хезболах ги обновил своите способности и заменил многу од илјадниците борци повредени во пејџер и воки-токи напади минатиот месец.
Тој посочи дека Хезболах ќе продолжи да води војна против Израел и дека воените операции ги смета за превентивна одбрана.

Касем го критикуваше пристапот на Израел кон меѓународните резолуции, сугерирајќи дека не ги почитувал овие договори и отфрлајќи ја секоја идеја дека Хезболах ги предизвикал неодамнешните тензии.

Тој тврди дека на 11 октомври, израелските и американските официјални лица, наводно, разговарале за можноста за објавување војна на Либан, иако САД на крајот не го поддржале планот.

Новиот лидер на Хезболах изјави дека групата верува дека дејствува во рамките на превентивната одбрана, пренесува ЛБЦ.