22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Метеоролозите со нови најави, од недела пад на температурите за 5 степени: Метеоцентар со долгорочна прогноза

Следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер најизразен во ноќта кон недела. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури во периодот до сабота ќе бидат пониски за некој степен, а од недела ќе бидат пониски за 4 до 5 степени.

Прогноза за 01.10.2024
Минимална температура: -1°C до 8°C
Максимална температура: 18°C до 23°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Прогноза за 02.11.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 19°C до 25°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец особено изразен преку ноќта кон недела.

Прогноза за 03.11.2024
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Наутро само понекаде ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот умерено до значително облачно со услови за појава на краткотраен дожд претежно на северот и североистокот од земјата.