Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за чистење на Старата скопска чаршија. Во рамките на активностите беше извршено и рачно метење и чистење на пешачкиот мост лоциран на самиот влез на Чаршијата (поранешна Стоковна куќа „Мост“), каде што се подигнати и приближно два кубни метра непрописно одложен отпад.
ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжи да спроведува засилени активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на Старата скопска чаршија, којашто претставува една од најпосетените туристички атракции на градот Скопје.