22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

БОЈКО БОРИСОВ ОСВОИ УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА: ГЕРБ доби најголем број гласови на парламентарните избори во Бугарија

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на бугарските парламентарни избори, според првите прелиминарни податоци.

ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформската коалиција Продолжуваме да се менуваме и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат во понеделник, а доколку се покажат точни прелиминарните податоци, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да влезе во коалиција за да формира кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција.

Набљудувачите сугерираат дека денешното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што се очекува да бидат девет.

Серијата неуспешни избори имаа сериозно влијание врз економијата на Бугарија и нејзината надворешна политика.

Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи.

Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе биде одложено.