20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Двајца малолетници го нашле нивниот дедо со повреда во главата

На 25.10.2024 во 17.25 часот во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен А.П.(70) од Куманово со повреда во пределот на главата. Од полициски службеници од СВР Куманово излезено било на местото на настанот и извршен бил увид и притоа бил извршен службен разговор со неговите двајца малолетни внуци. Тие појасниле дека откако нивниот дедо не им отворил врата, се посомневале дека нешто не е во ред и насилно ја отвориле вратата и влегле во домот при што го пронашле нивниот дедо со повреда на главата. А.П. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

ДЕСК

Возел над 100, а дозволено било 50 – заврши во полициска станица

ДЕСК

Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

ДЕСК