19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Инспектори од АХВ открија и уништија десетици килограми чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи кои биле небезбедни

АХВ спроведе вонредна инспекциска контрола на скопскиот пазар за стари работи

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската населба Маџари. Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи ) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна.

Апелираме до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол а СДСМ им ја одзема дозволата и го истера процесот до крај

ДЕСК

СВР Струмица расчисти повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“, „разбојништво“, лишени од слобода четири осомничени лица

ДЕСК

Царинска управа: Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

ДЕСК