2. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

АВМУ најостро го осудува опожарувањето на возилото на сопственикот на регионалната телевизија М-Нет

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува чинот на опожарување на возилото на сопственикот на регионалната телевизија М-Нет ХД од Штип, Благој Серсемов, од страна на непознати сторители во дворот на неговата семејна куќа.

Заканите и заплашувањата насочени кон медиумите ја поткопуваат демократијата, слободата на говорот и слободата на информирање. Безбедноста на медиумските работници е клучна за постоење на независни и професионални медиуми, кои се еден од главните стожери на демократските процеси и кои придонесуваат за унапредување на слободата на изразување.

Апелираме, Министерството за внатрешни работи во најскоро време да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за причините кои довеле до овој вандалски чин.

Можеби ќе ве интересира

Телефонската линија 192 повторно е во функција

C +

Систем, не спектакли и пи-ар: Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје

C +

Филипче најави законско решение на СДСМ: 3 денари повеќе по килограм за лозарите

C +