Трета година по ред, Општина Битола продолжува со организација на буџетските форуми. Денес, во Офицерскиот дом во Битола , се одржа првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година.
Буџетскиот форум е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво, како платформа за проблемите во заедницата и начинот на нивно решавање. Целта е да се поттикнат граѓаните да земат учество во развојот на заедницата на локално ниво, нивно вклучување во управувањето и создавање и унапредување на капацитетите преку создавање на локални партнерства за подобрување на социо-економските услови во општината. На овој начин се овозможува транспаретна распределба на средствата на општинскиот буџет, преку вклучување на потребите во развојните планови на општинскиот буџет.
На денешната форумска сесија присуствуваа Градоначалникот на Битола Тони Коњановски, Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, претставници на Општинскиот Совет, раководители од општинската администрација, директори на јавни и локални установи, претставници на месните и урбаните заедници, претставници на граѓански здруженија и сите граѓани кои покажаа интерес да учествуваат во креирањето на буџетот на општина Битола за 2025 година.
На присутните им се обрати и градоначалникот Тони Коњановски истакнувајќи ја важноста на овој настан со кој се овозможува зголемување на транспарентноста и одговорноста на локалната самоуправа:
„По трет пат ги организираме буџетските форуми со цел транспаретно да го креираме буџетот за 2025 година. Битола е лидер во оваа насока. Битола е општина со најголема транспаретност. Со висок степен на отвореност и отчетност. Во изминатиот период општината се вложи многу, но капацитетите се ограничени. Заедно со Советот на општина Битола сме тука да го креираме буџетот и да ја истакнеме важноста на стратегијата за локален економски развој. Остануваме отворени за реализација на сите донесени проекти. Дел од проектите се отпочнати со реализација, а дел ќе се реализират во наредната година. Заедно да направиме нешто за општина Битола. Општината е дом на сите граѓани на општина Битола. Веруваме дека ова е вистинскиот начин да се креира буџетот на Општина Битола“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред присутните.
На денешната прва форумска сесија беа усвоени 8 приоритетни програми
• Програма за социјална заштита
• Програма за урбанистичко планирање
• Програма за локален и економски развој
• Програма за заштита на животната средина
• Програма за активности во областа на спорт и млади
• Програма за развој на планови
• Програма за градежно земјиште,
• Програма за култура
•
На првата форумска сесија се развија дискусии за проекти кои што треба да бидат содржани во буџетот за 2025 година. На овој начин им се овозможува на граѓаните да учествуваат во креирањето и реализацијата на општинските програми, со цел транспаретно распоредување на буџетските средства, во насока на поубава иднина за поубава Битола.