Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На претседателските избори гласаа веќе 25 милиони Американци

Скоро 25 милиони гласачи веќе гласале на претседателските избори во САД, било преку предвремено гласање лично или преку гласање по пошта, објави Одделот за специјални избори на Универзитетот во Флорида.

Неколку држави, вклучително и клучните држави како Северна Каролина и Џорџија, поставија рекорди за првиот ден од предвременото гласање минатата недела.

Демократскиот претседателски кандидат Камала Харис вчера изјави пред градското собрание во Пенсилванија дека нејзината администрација ќе се разликува од онаа на претседателот Џо Бајден додека републиканецот Доналд Трамп води кампања во Џорџија.

Пенсилванија и Џорџија се меѓу седумте држави кои ќе одлучат кој ќе победи на претседателските избори, а и двајцата кандидати најверојатно ќе поминат таму голем дел од посетите во нивната кампања.

„Гласањето во Џорџија е на рекордно високо ниво“, рече Доналд Трамп на верски настан во Зебулон, Џорџија. „Гласовите во секоја држава се искрено на рекордно ниво. Ние работиме навистина добро и се надеваме дека можеме да ја поправиме нашата земја“.

Трамп се обиде да собере поддршка од евангелистичките христијани во последниве денови, надевајќи се дека ќе ја остави настрана секоја загриженост за неговите чести развратни коментари како што е приказната за анатомијата на Арнолд Палмер.

Трамп, кој ги направи предизборните собири главен дел од неговата политичка кариера од 2015 година, во Зебулон рече дека е „тажно на многу начини“ што неговото време како политички кандидат е при крај. Доколку победи на 5 ноември, ќе го одработи вториот и последен мандат.

Харис ги искористи коментарите на поранешниот шеф на кабинетот на Трамп во Белата куќа, Џон Кели, кој за Њујорк Тајмс изјави дека поранешниот претседател ја исполнува „широката дефиниција за фашист“ и дека им се восхитува на диктаторите.

Обидот на Харис да се дистанцира од Бајден доаѓа кога неколку анкети покажуваат дека тој ја кочи нејзината кандидатура и дека гласачите се желни за нов правец, на помалку од две недели до изборите на 5 ноември./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американците без плата, откажани летови: владата на САД е во блокада веќе 36 дена

C +

Русија до украинските војници во Покровск и Купјанск: „Опкружени сте, предајте се“

C +

Путин: Почна сериското производство на „Орешник“

C +
МАКЕДОНИЈА

Алити го презентираше буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација

ДЕСК

Министерот Адмирим Алити на денешната прес-конференција соопшти дека вкупниот Буџет на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за 2023 година изнесува 1.580.029.000 денари. Средствата се наменети за трите буџетските столба кои се во надлежност на МИОА, односно дигитализацијата, администрацијата и медиумите.

Во првиот столб, опфатени се средствата планирани за плати и одржување на институцијата, планирајќи да се заштеди во наредната година, и од 426,829,000 денари, како што рече министерот, 300.000.000 денари се издвојуваат за субвенции за Националната Радио Телевизија.

,,Еден значаен дел од средствата се планирани за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, Националната Радиодифузија и Националната Радио Телевизија, предлог од 900.000.000 денари. Овие средства освен што ќе ги ослободат граѓаните од плаќање на понудените услуги за аудио визуелни медиумски услуги, ќе понудат и можност за понезависна работа на овие институции.

Во однос на дигитализацијата, која е во тесна корелација со реформите во администрацијата, од двата државни столба предложени и планирани се вкупно 239,405,000 денари, за континуитет на проектите во кои меѓу другото се опфатени софтверски и хардверски елементи и лиценци, дигитализацијата на услугите на институциите за порталот и тој на DMS( Електронски систем за управување со документи).

,,Последново е многу важно за брза и електронска комуникација на институциите, со што се елиминира бирократијата и корупцијата и се овозможува поефикасна работа на институциите. Не сме ја заборавиле ни софтверската и хардверската поддршка за Централниот регистар на население како и продолжувањето на поддршката за проектите на ИКТ преку обезбедување на потребните лиценци. Исто така, планирани се средства за договорите поврзани со дигитализацијата кои произлегуваат од иницијативата „Оpen Balkan“, а врз основа на безбедноста на системите на МИОА, планираме и проширување на инфраструктурата и лиценците за централно решение „Backup“. Планираме исто така да се централизира во нашата институција обезбедувањето на лиценците „Oracle“ за 11 институции кои ги користат истите, и преку тоа ќе се овозможува сериозно штедење на државниот буџет во овој кризен период“, рече министерот Алити.

Друг дел од буџетските столбови се и средствата планирани за МАРнет, и што опфаќаат 13,795.000 денари. Во планираните средства, рече министерот, е и продолжување на учеството во Регионалната школа за јавна администрација (RеSPA), како и учество во програмата Дигитална Европа преку MИОА, за дигитална трансформација со што посочи министерот, нашата држава ќе забележи сериозни чекори во областа на дигитализацијата.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК