23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Талески: ВМРО-ДПМНЕ брутално париски ја киднапира Агенцијата за национална безбедност

Најсериозната и најскандалозната тема од еден куп скандали што ги напрви ВМРО-ДПМНЕ е бруталното партиско киднапирање на највиската безбедносно разузнавачка институција во државата, Агенцијата за национална безбедност (АНБ), исткна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Талески нагласи дека за директор на АНБ е поставен кадар, продолжена рака на Христијан Мицкоски, човек којшто бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, кој што не ги исполнува условите за да биде директор на АНБ.

Ние сме сведоци дека се соочуваме со една страшно опасна ситуација, којашто не враќа во минатото, како беше раководена Управата за јавна безбедност од тогашното ВМРО-ДПМНЕ, како 12 години беше злоупотребувана таа институција, која после најголемиот скандал во државата се трансофмриаше во АНБ, сега по само 100 дена доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ ни се случува класична партизација на АНБ. Ова е опасна игра, којашто ВМРО-ДПМНЕ ја игра, рече Талески.

Тој нагласи дека СДСМ апелира час поскоро да ја преиспитаат одлуката, да се постави професионален човек, којшто е од редовите на АНБ, кој ја познава работите, за да не се случи она што и се случуваше на државата.

Знаеме ние како беа злоупотребувани безбедносните институции за следење, прислушкување, злоупотреба на позициите на новинари, на политичари, на граѓаните им беа уништени, повредени човековите права со злоупотреба на тие институции и сега на еден ваков безобразен начин Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на чело поставуваат партиски човек од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата Топ тема на телевизија Телма.