22. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), стигнала до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, рече дека претставката се однесува на наводи за незаконско именување и оформен е предмет.

Се посочува дека по обезбедените докази и изготвената документација, комисијата ќе донесе соодветна одлука за која ќе биде информирана и јавноста.

Владата минатата недела го разреши Зарко Милошевски од директор на АНБ, а на негово место беше именуван Бојан Христовски. Тој дојде од Министерството за внатрешни работи, но реакциите во јавноста ги предизцика неговиот ангажман во ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Градскиот комитет на партијата во Скопје./Извор:Makfax