Centar.mk
СВЕТ

Ал Судани: Убиен командант на ИСИС за Ирак

Ирачкиот премиер Мохамад Шија ал-Судани денеска соопшти дека командантот на Исламската држава (ИСИС) за Ирак е убиен во операција во планините Хамрин во североисточен Ирак.

Не беа објавени дополнителни информации во врска со ова, објави иранската новинска агенција Мехр.

ИСИС, која го нападна Ирак на 7 јуни 2014 година и за кратко време успеа да заземе околу 45 отсто од територијата на земјата, беше поразена во ноември 2017 година.

Сепак, оттогаш преостанатите членови на оваа група се присутни и активни во Ирак и Сирија и одвреме-навреме извршуваат терористички напади, наведува иранската агенција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

C +

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

C +

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

C +
error: Соддржината е заштитена.