Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе се преземаат засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање на возилата на подрачје на градот Струмица, а се со цел обезбедување на безбеден и непречен сообраќај.
Апелираме до возачите превозните средства кои ги управуваат да ги паркираат на обележани паркинг места, почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација. Во спротивно, за непочитување на истото ќе се преземаат законски мерки и возачите ќе бидат санкционирани согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.