23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Екстремно деградирање се случува во безбедносната и одбранбената сфера со ВРЕДИ како губитник во Владата

Демократската Унија за Интеграција денес преку Прес конференција извести за екстремното деградирање што сеслучува во безбедносните и одбранбените институции со ВРЕДИ као губитник во влада.

Во прилог Прес конференцијата / интегрално.

Почитувани претставници на медиумите, почитуваниграѓани. На денешната прес-конференција ќе зборуваме заекстремното деградирање што сеслучува во безбедносните и одбранбените институции со ВРЕДИ као губитник во влада.

Враќањето на меѓуетничките инциденти и меѓуетничкитепровокации, зголемувањето на вооружените инциденти, деградирањето и запоставувањето на албанските кадри, нивната замена со кадри на ВМРО-ДПМНЕ, се меѓумногуте случаи кои ја одразуваат работата на безбедноснитеинституции во овие четири месеци – лошо владеење намоноетничката влада.

Во овој период во Министерството за внатрешни работи сеслучи етничко чистење и деградација на албанскиот кадар, како што беше случајот со раководителот за истражување воМВР, помошникот министер за административни работи, помошникот директор во Секторот за униформиранаполиција, началникот за меѓународни истраги (Интерпол), началникот во Секторот за внатрешни работи во Струга, началникот во единицата за трговија со оружје, командиротво Полициска станица во Гостивар, командирот воПолициска станица Битпазар во Скопје , како и значителенброј на високи инспектори во секторот за организиранкриминал и криминалистичка полиција.

. Треба да сеспомене и деградирањето на граничните полицајци вослучајот со Африм Гаши и случајот со Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи во скопскиот аеродром, одкаде без нивна вина како резултат на овој националисчки пристап, албанските полицајци трпеа казни, деградирања, разрешувања и најлошото со постапки за кривично гонење, за нешто што тие воопшто не се дел од вината илиодговорноста, туку едноставно се жртви на системот штооваа власт без етнички легитимитет се обидува да гоизгради за покажување на сила и ширење на страв кајалбанските граѓани.

Во овој период постојано се врши притисок врз вработенитеда потпишат изјави дека доброволно се откажуваат одработното место, главно тие на раководни позиции, и тоа со цел да не продолжат со управни и судски постапки.

Овие лоши потези што ги презеде оваа моноетничка власт, не штеди ниту една институција, дури и оние каде што себараат стандарди и правила како локални така и меѓународни, да бидат водени од неполитички и струченкадар. Дека е така, докажува и последното назначување штоја направи Владата, со назначувањето за прв човек наАгенцијата за национална безбедност, кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, кој во февруари 2023 годинабеше назначен за претседател на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Овој избор отвора многу дилеми, каде со право може да се посомневаме дека намерата е безбедносните институции да се претворат во партискиштабови.

Во одбраната ситуацијата воопшто не е различна. И тамуалбанските кадри се деградирани, како што беше случајот,кога претседателката Силјановска за шеф на генерал штаботназначи кадар кој не ги исполнува потребните услови за дабиде на оваа функција.

Правична и соодветна застапеност, во сите ешалони наМинистерството за одбрана, како во администрацијата, униформата, воената дипломатија, мировните мисии востранство и воената академија, сè е стагнирано и албанскитекадри се занемарливи и речиси премолчени во тааМинистерство. Единствениот глас во тоа Министерство е гласот на Министерот, додека заменик министерката е само марионета, исто како и сите други министри и заменици министри од коалицијата ВРЕДИ во оваа Влада.

Дурии во другите курсеви и огласи на Министерството заодбрана и Армијата, се занемаруваат Албанците и другитепомали етнички заедници.

Сите овие случаи се случуваат затоа што Албанците вовласта се претставени од субјекти без легитимитет и какорезултат на тоа немат никаква сила и моќ да ги преставуваат и одлучуваат за Албанците. Овој факт, воопшто не гиослободува од одговорност, бидејќи свесно ја прифатијаулогата на марионети во владата без етнички легитимитет.

Ви благодариме!