22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Здрав животен стил и алое вера, за имунитет и долгорочно здравје

Во последните три децении, многу трендови и модерни диети го привлекоа вниманието на луѓето. Од Аткинсовата диета, до Дајмонд, исхрана по крвни групи, кето и безглутенски режими, сите овие програми се обидуваа да понудат решенија за подобро здравје. Меѓутоа, многу од нив не се научно проверени и често се сметаат за експерименти со краткотрајни резултати.

Еден од најдолготрајните и најдокажаните режими на исхрана, потврден од бројни научни студии, е Медитеранската исхрана. Овој начин на исхрана се базира на традиционалните јадења на нашите предци и е поврзан со подолг животен век, подобар кардиоваскуларен систем и подобро општо здравје. Медитеранската исхрана не е само хранлив режим, туку и начин на живот кој се заснова на природност и умереност.

Но, покрај исхраната, луѓето кои се грижат за своето здравје сè почесто го вклучуваат гелот од алое вера во нивната секојдневна рутина. Алое верата, позната по своите биоактивни својства, се користи како природен додаток за подобрување на имунитетот и заштита на дигестивниот систем. Со својата способност да ублажува воспаленија, да поддржува дигестија и да го зајакнува имунолошкиот систем, гелот од алое вера стана природен сојузник за луѓето кои сакаат превенција од болести.

Алое верата е растение кое веќе со децении привлекува внимание поради своите лековити својства. Во последниве години, истражувањата ја потврдуваат нејзината ефикасност во зајакнувањето на имунолошкиот систем и како помош во заштита од инфекции. Една од главните предности на алое верата е тоа што содржи голема концентрација на витамини, минерали и антиоксиданси кои го поддржуваат телото да се справува со штетните ефекти од слободните радикали.

Покрај тоа, алое верата има антибактериски, антивирусни и антигабични својства, што ја прави природен лек за зајакнување на имунитетот. Лесната апсорпција на биоактивните соединенија од ова растение овозможува брза реакција на телото кога е изложено на инфекции или други болести.

Еден од најчестите начини на употреба на алое верата е за поддршка на дигестивниот систем. Многу луѓе страдаат од проблеми како гастритис, рефлукс или синдром на иритабилно црево, и овие состојби често можат да се подобрат со редовно консумирање на гелот од алое вера. Растението помага да се ублажат воспаленијата на слузокожата на желудникот и цревата, што води до подобра варење и спречување на дигестивни нарушувања.

Со редовно користење на гел од алое вера во исхраната, луѓето можат да го заштитат своето тело од различни инфекции, да го подобрат варењето на храната и да го одржат своето тело во баланс. Гелот од Алое Вера на Натура Терапи, е проверен и одобрен и од страна на Здружението на педијатри во Македонија, и е одличен и за децата над 3 год, за имунитет, заштита од слабокрвност и подобрување на нутритивниот статус  (бидејки ја подобрува и дигестијата и апсорпцијата) и е одличен за овој период од годината. Истовремено го поддржува нивото на енергија и помага во одржување на општата здравствена состојба

 

Комбинирањето на здрав животен стил, како што е Медитеранската исхрана, со природни додатоци како алое верата може значително да придонесе за подобро здравје и повисок квалитет на живот. Делотворноста на овој производ е потврдена со истражувањето спроведено во 2021 од страна на лабораторијата при Природно-Математичкиот факултет во Скопје и Плант Инженеринг Дооел Скопје, според кое производот Алое Вера гел со аронија од НАТУРА ТЕРАПИ има силен антиоксидативен потенцијал во неутрализирање на слободните радикали и спречување на оксидативниот стрес на клетките!