Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тешка сообраќајна несреќа на кеј „Македонија“ во Охрид

На 19 октомври 2024 година, околу 16:30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид се случи сообраќајна несреќа во која патничко возило „Ауди А3“ со охридски регистарски ознаки удри во пешак. Во несреќата пешакот се здоби со тешки телесни повреди, кои беа констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

При ударот беше оштетено и паркирано возило „Фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки. На местото на настанот беше извршен увид од страна на екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК

Повторно грабеж на градските гробишта во Бутел

ДЕСК

Малолетничка пресметка во Скопје – Повеќемина нападнале малолетник

ДЕСК