19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

(Видео) Нападната резиденцијата на Нетанјаху, се огласија сирените ширум Израел

Приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја била цел на напад со дрон утринава испратен од Либан, потврдија од неговиот кабинет.

Во кусото соопштение се наведува дека Нетанјаху и неговата сопруга Сара не биле дома во моментот на нападот и дека во инцидентот нема повредени.

Утринава беа соборени уште два дрона испратени од Либан, а сирените се огласија во областа Тел Авив, пишува Тајмс оф Израел.

На видеата на социјалните мрежи се гледаат голем број амбулантни возила и други услуги, додека пристапот до медиумите е забранет.

Канцеларијата на Нетанјаху не даде информации за локацијата на израелскиот премиер во моментот на нападот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

C +

Затвореник им побегна на полицајците во Грција кога излегол на цигара: „Опасен е, отворете четири очи“

C +

Министрите за надворешни работи на Индија и Кина разговараа за соработка

C +