13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени криумчари на мигранти

Денеска (18.10.2024) во 12.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на наплатната станица Гевгелија, во правец кон Скопје, сопреле патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар агенција од Скопје, а управувано од И.А.(54) од Р.Турција. Притоа во возилото се откриени седум лица илегални мигранти од Сирија, од кои три лица се малолетни. И.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така денеска (18.10.2024), во 12.10 часот на крстосницата кај Богданци при контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со црногорски национални ознаки, сопственост на рент а кар агенција, а управувано од С.Ј.Ф., турски државјанин со привремен престој во Црна Гора, биле пронајдени пет лица илегални мигранти од кои две малолетни лица. С.Ј.Ф. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Паника поради падот од 130.000 гласа

ДЕСК

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

ДЕСК

Повеќемина повредени во тешка сообраќајка кај Меџитлија, откако форд излетал од патот

ДЕСК