Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Инспекторите влегоа во ресторани, месарници и маркети низ Куманово – Над 100 килограми месо се уништени

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.

За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација, изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.

Со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.