22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Двајца работници повредени во експлозија во воената фабрика „Слобода“ во Чачак

Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак, во централна Србија, во петокот на 18 октомври одекнала експлозија, при што се повредени двајца работници, од кои едниот има изгореници по телото, потврдија од компанијата. Радио телевизија на Србија (РТС) објави .

РТС јавува дека 36-годишен работник се здобил со изгореници на лицето и вратот и повреда на раката, а другиот по преглед е отпуштен на домашно лекување.

Од болницата во Чачак потврдија дека работникот со изгореници е ставен на интензивна нега, а од компанијата „Слобода“ соопштија дека тој е „во стабилна состојба“.

„Утринава во осум часот дошло до технолошка експлозија на линијата на лабораторијата за артилериски гранати, во која се повредени двајца работници, на кои веднаш им била укажана лекарска помош“, соопштија од компанијата „Слобода“.