25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Детали за смртта на Лиам Пејн: Имал 25 повреди

Лиам Пејн (31), поранешен член на One Direction, почина во средата во Аргентина. Британскиот пејач е пронајден во Буенос Аирес.

Си-Ен-Ен пишува дека пејачот бил пронајден мртов пред хотелот Каса Сур во луксузниот кварт Палермо, откако паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата, а лекарите рекле дека „нема начин да се спаси“. Очевидци за американскиот таблоид ТМЗ изјавија дека несреќата се случила нешто по 17 часот (локално време). Тие тврдат и дека Лиам претходно „чудно се однесувал во лобито на хотелот“. Напоменуваат дека го „скршил лаптопот“.

И во официјалното соопштение се вели дека полицајците биле испратени во хотелот по итен повик „во кој биле информирани за агресивен маж кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол“. Кога стигнале, полицаецот, како што вели, слушнал силна бучава во внатрешниот двор на хотелот.

Би-би-си доби извештај од канцеларијата на јавниот обвинител во Буенос Аирес во кој детално е опишано што досега дознале истражителите за смртта на Лиам Пејн. Во извештајот се вели дека смртта на пејачот се истражува како сомнителна поради локалните протоколи, но доказите сугерираат дека тој бил сам во хотелската соба во моментот на инцидентот.

Инспекторите сè уште испрашуваат пет сведоци – тројца вработени во хотелот и две жени кои биле во собата на Лиам ноќта пред неговата смрт. Се наведува дека во собата била пронајдена дрога и алкохол. Првата обдукција покажала дека Лијам се здобил со 25 повреди од падот. Ќе се прават и токсиколошки тестови. Се додава дека пејачот најверојатно паднал додека бил полусвесен или целосно онесвестен.

Полицијата од Буенос Аирес потврди дека истрагата на местото каде што паднал музичарот е завршена, пишува Би-би-си. Додаваат дека во хотелската соба каде што престојувал биле пронајдени запалка, мобилен телефон и шише виски.

„Персоналот пронашол тотален хаос и оштетени предмети во собата“, додаваат тие. Пронајдоа и разни кутии со лекови, тетратка и пасош Полицијата извести дека прелиминарната обдукција покажала дека Пејн претрпел внатрешно и надворешно крварење и починал како последица на падот./Извор:Makfax