16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Израелците веат знамиња и танцуваат по улиците, смртта на лидерот на Хамас се славеше и на плажите

Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел.

Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку стотици луѓе играа и вееа знамиња, а во позадина се слуша гласна музика.

„Тој е лош човек и дојде неговото време. Ова е подарок за сите. И за Палестинците кои се со нас и за Евреите“, вели Нисим Вајцман додека седи пред локалната продавница.

„За мене ова не е ништо. Тоа е само еден терорист. Убиваш еден, добиваш четворица“, рекол Двир Васер, пренесува Би-би-си.

Исто така, имаше прослава претходно истиот ден кога беа објавени првите информации дека Синвар е „многу веројатно“ убиен. „Многу се големи шансите тунелскиот стаорец познат како Јахја Синвар да е мртов“, објавија преку звучници на плажата во Бат Јам, западен Израел./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германскиот канцелар Мерц: Путин мора сериозно да ја сфати понудата за дијалог

C +

Петорката на Путин за Алјаска: Што открива составот на руската делегација?

C +

Киев: Путин носи карти за самитот, ќе се обидат да ја претстават Украина како вештачка држава

C +