18. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Снимени последните моменти на првиот човек на Хамас, фрли стап кон дронот

Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел на нападот биле тројца милитанти и дека не знаеле дека меѓу нив е и Синвар.

Контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), рече дека израелските војници забележале тројца терористи како трчаат од куќа до куќа во областа Тал Ел Султан во Рафа.

Тој прикажа и видео на кое се гледа како на Синвар му приоѓа дрон. Синвар е маскиран на видеото и има повреда на раката.

Тој фрла нешто што личи на стап кон дронот, пред да заврши видеото./Извор:Makfax