18. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Драстична промена на времето од викендов: Подгответе се за постудено време, метеоцентар со детална прогноза за повеќе дена

Утре и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и значително посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Прогноза за 19.10.2024
Минимална температура: 1°C до 12°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 20.10.2024
Минимална температура: -1°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Прогноза за 21.10.2024
Минимална температура: -3°C до 7°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.