23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Талески: Николоски да се извини за сите лаги за пругата кон Бугарија и Коридор 8

Одговор на новинарско прашање, Миле Талески, пратеник на СДСМ
Со еден збор дебакл на сите лаги на Николовски.

Со месеци трубеше Николоски лага дека дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот.

Сега гледа јавноста дека ништо од ова што го кажувал Николоски не било точно. Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата.

СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе.

Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира.

Она што требаше да го напрви Николовски е да излезе и да им се извини на граѓаните.