17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Јазичната разноликост е алатка за поголемо меѓукултурно разбирање

Во повод 5 октомври, Светскиот ден на учителот, Делегација на Секцијата на Собранието во ПС на Франкофонијата оствари посета на билингвалните паралелки на француски јазик во Гимназијата Гоце Делчев во Куманово.

Делегацијата беше во состав од пратеничките: Бети Стаменкоска-Трајкоска, претседателка на Секцијата и Драгана Бојковска, членка на Секцијата.
Во придружба на Делегацијата беше Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија.

Посетата во Куманово се искористи и за средба со градоначалникот на општината Куманово, Максим Димитриевски и да се поразговара со него за поддршката што ја добива Гимназијата за оваа билингвална настава.

Мешовитата делегација оствари средба со директорката на Гимназијата, наставниците во билингвалните паралелки на француски јазик и присуствуваше на средба каде имаше можност директно да им се обратат на учесниците во Гимназијата кои го изучуваат францускиот јазик.

Целта на посетата беше да се разменат мислења и искуства во однос на работата на билингвалните паралелки, како и да се охрабрат учениците да го изучуваат францускиот јазик, како и другите европски јазици, со што ќе имаат подобро меѓукултурно разбирање.

Пратениците испратија пораки дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и збогатување на културното наследство на европскиот континент.

фото Собрание на РМ

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +