Веќе на почетокот на мојот мандат како претседател на партија запре падот во рејтингот во партијата и започна консолидација, во Тема на денот на Сител Телевизија, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче најави дека на почетокот на следниот месец ќе се формира нов Централен одбор а потоа и ново раководство на партијата.
„Јас имам бројни средби секојдневно со многу луѓе во општински организации ширу државата и ги започнавме веднаш и формалните процеси за да се постави партиското раководство односно изборните конференции по општинските организации за да се изберат новите делегати на конгресот да се предложат нови членови на централниот одбор и тие општински конференции завршуваат оваа недела. Се случуваат вчера денеска утре задутре и до петок треба да завршат и веќе со тие избрани нови конгресни делегати ќе го организираме новиот состав на конгресот веќе на почетокот на ноември на кој што состанок треба да се избере новиот централен одбор на партијата од којшто понатаму ќе потекнува целокупното ново партиско раководство. Јас сум задоволен од временската динамика поради тоа што сакав да се видам со што поголем број да слушнам што поголем број на членови да ги вклучам во процесот на градење на политиките и да на тој начин да се слушне гласот на секој еден наш член. И тоа се случува и одличен е фидбекот на нашите членови кои веќе се враќаат кон партијата“ вели тој.
Филипче додаде и дека на следниот состанок на Конгресот ќе се разговара и за резултатите од последните избори.
„Имаме сложена анализа што ние ја направивме ја завршивме и ќе ја презентираме пред делегатите на Конгресот којшто ќе биде во проширен состав на кој ќе присуствуваат членови на различни општински организации пратеници поранешни пратеници со цел да се соберат повеќе мислења и да се сподели еден дел секој од својата призма на видување да го сподели искуството и мислењето за тие научени лекции да ги инкорпорираме во начинот на кој што ги градиме политиките“ порача претседателот на СДСМ.