16. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел повторно го нападна Бејрут првпат по неколку дена

За прв пат по неколку дена Израел го нападна главниот град на Либан – Бејрут.

Арапскиот портпарол на израелските одбранбени сили ги предупреди цивилите во областа Дахие – за која се верува дека е упориште на Хезболах – дека воздушните сили ја гаѓаат зградата.

Тоа е првиот напад во близина на главниот град од двата напади во кои на 10 октомври загинаа 22 лица во густо населена населба.

Очевидци слушнале експлозија и виделе облак чад утринава, додека ИДФ соопшти дека целта бил објект за оружје.

„Хезболах го складираше ова оружје во подземен магацин во областа Дахие, клучното терористичко упориште на Хезболах во Бејрут“, се вели во соопштението./Извор:Makfax