23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 18 повредени во експлозија на резервоар со нафта во Венецуела: избувна пожар по удар на гром

Најмалку 18 лица се повредени денеска во експлозијата на резервоарот за сурова нафта Салина во венецуелскиот град Кабимас, што беше предизвикана од удар на гром, соопштија локалните власти.

Командантот на противпожарната служба во Кабимас, Муфид Хумејдан, рече дека кога се огласило предупредувањето, противпожарните бригади се обиделе да ги извлечат сите луѓе од зградата, пренесува Вердад.

Меѓутоа, од експлозијата биле погодени вработените кои ги управувале виљушкарите и уште неколкумина, кои се здобиле со изгореници од прв и втор степен.

На повеќето луѓе им била укажана помош на лице место, а некои се префрлени во блиската клиника./Извор:Makfax