Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Трајко Славевски /скриншот/ВМРО ДПМНЕ Youtube
МАКЕДОНИЈА

Трајко Славески ја поддржува иницијативата за формирање на здружение со работен наслов „албанска Академија на науките и уметностите”

Претседателот на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, универзитетскиот професор Трајко Славески, на Твитер изрази силна поддршка за иницијативата на партиите на Албанците во Владата за отворање на „Академско здружение за наука и уметност на Албанците“. Ова здружение, според Славески, би било пандан на МАНУ и би претставувало значаен придонес во развојот на општеството и науката.

„Силно ја поддржувам иницијативата за основање на Научно-уметничко друштво (НУД) со работен наслов „албанска Академија на науките и уметностите“ со седиште во Тетово,“ напиша Славески. Според него, науката игра клучна улога во прогресот на едно општество и оваа нова академија би можела да придонесе кон тоа.

Славески додаде дека очекува ваквото друштво да помогне во јакнењето на свеста за важноста на науката и да даде конкретни придонеси во општествената и економската сфера, како и во развојот на индустријата. „НУД може да придонесе за јакнење на свеста за важноста на науката, а низ конкретни проекти да даде продонес во општествената сфера и развојот на економијата и индустријата во нашата земја,“ објасни Славески.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски очекува 130.000 гласови за Орце

ДЕСК

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК