18. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во иранска рафинерија, има мртви и повредени

Најмалку едно лице загина во пожар во рафинеријата „Парс Петро“ во градот Шуштар во иранската провинција Кузестан, објавија државните медиуми.

Пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Локалните власти потврдија дека инцидентот е под истрага. Прелиминарните информации велат дека „цистерната удрила во резервоарите за гориво“.

Локален претставник потврди за државната новинска агенција ИРНА дека неколку луѓе се повредени.

Инаку, откако Иран пред десет дена испрати околу 200 балистички ракети кон Израел, се шпекулираше дека Тел Авив може да возврати со удари на иранските нафтени постројки. Сепак, според најновиот извештај на Вашингтон пост, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им рекол на САД дека е подготвен да ги нападне воените цели на Иран, а не нафтените и нуклеарните постројки./Извор:Makfax