Денеска (15.10.2024) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(29) од село Самоков, општина Македонски Брод, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (15.10.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.10.2024 во 14.05 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.10.2024 во 13.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б.(60) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека бил баран од Интерпол Република Турција. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
На 14.10.2024 во 23.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле лице.(21) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.10.2024 во 22.45 часот на бул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лице(18) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.