Centar.mk
СВЕТ

Во израелските напади во текот на ноќта во Газа загинаа 29 Палестинци

Најмалку 29 Палестинци се убиени во нападите извршени од израелската армија во различни делови на Појасот Газа.

Израелските сили започнаа напади врз бегалскиот камп Џабалија и градот Газа на север, Кан Јунис на југ и бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Според информациите добиени од медицински извори во болницата „Кемал Адван“, четворица Палестинци се убиени во напад на куќа во населбата Ал-Фалуџа во Џабалија, а тројца во напад на куќата на семејството Ед-Дахдух во Аз-Зејтун, градот Газа.

Како што јави палестинската новинска агенција ВАФА, десет лица загинаа во напад на куќа во која беа сместени раселените Палестинци во регионот Бени Сухејла во Кан Јунис, а седум во Ал-Фухари.

Петмина Палестинци загинаа во напад на куќа на запад од бегалскиот камп Нусејрат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хакери упаднаа во системот на француското министерство, пристапија до тајни бази на податоци

C +

Путин: 2025 година значајна пресвртница во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината

C +

Американците убија преживеани по напад на брод; Хегсет: Нема да ја објавиме снимката

C +