По денешната средба меѓу Владата и СОНК, паднал договор за покачување на наставниците во средно и основно образование за 5%, а тоа ќе важи со октомвриската плата.
„Од октомври до февруари 2025 година наставниците ќе добијат 5 посто, па во март 2025 нови 7 проценти, потоа во март 2026 покачување на платите од 7,5 и 10 отсто, натаму во март 2027 10 отсто, а во 2028 меѓу 10 и 12 отсто“, рече Христијан Мицкоски, премиер.
Премиерот на прашање од каде се нашле пари, бидејќи цело време власта тврдеше дека нема пари, рече дека парите се најдени од зголемената наплата од УЈП и Царина.
Според некои пресметки наставниците во септември требаше да добијат 12 отсто поголеми плати.