Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Кабинет на Претседателката
вестМАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска.

Искрено сочувство по повод смртта на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд кој вчера почина во Охрид за време на Вториот Форум за културна дипломатија што се одржа во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“.

Моите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период.
Нека почива во мир, порача таа.

фото Кабинет на Претседателката

Можеби ќе ве интересира

Две лица завршија во болница – Пожар во Бучинци

ДЕСК

Во дворот пронашол две рачни бомби, веднаш интервенирале институциите

ДЕСК

МВР со детали за трагичната сообраќајка близу Куманово, познат идентитетот на загинатиот

ДЕСК