18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

Соопштение на СДСМ:

Нашиот најголем капацитет за производство на струја, РЕК Bитола не работи. Сите три блока од ноќеска на полноќ се надвор од функција.

Божиновска и владата на Мицкоски и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскит систем во земјата. Наместо да го зголеми производството на струја од домашни капацитети Мицкоски и ДПМНЕ го намалија.

Владата во моментов прави огромен увоз на скапа струја заради нефункционирањето на РЕК Битола, што предизвикува огромни трошоци за државата и граѓаните.

Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +