23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јајцата содржат коктел од опасни хемикалии: предупредување за жителите на француски град

Жителите на северниот француски град Вилер-Сен Пол добија вознемирувачко предупредување ова лето да не јадат пилешки јајца откога тестовите открија дека локалните јајца содржат коктел од потенцијално опасни хемикалии – PFAS.

Како што пренесува „Политико“, во јајцата се откриени неразградливи хемикалии, група вештачки материи, кои не се распаѓаат и може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи рак, оштетување на црниот дроб и проблеми со плодноста.

Не е сосема јасно како хемикалиите влегле во јајцата, но сомнежот паднал во блиската фабрика на американскиот хемиски гигант „Чемурс“, кој произведува PFAS, а кој ги вршел тестовите во согласност со договорот со локалните власти, пренесува медиумот.

„Кога слушнавме дека ќе има огромни инвестиции во локалната фабрика, сите мислеа дека проектот е многу добра вест“, рече заменик-градоначалничката Александра Уизил во интервјуто посочувајќи на отворање нови работни места и поволности за борба против климатските промени.

Додаде дека расположението се променило откога вестите откриле „вечно загадување од PFAS“.

Регионалните власти рекоа дека не знаат дали контаминацијата доаѓа од фабриката, истакнувајќи дека некои од видовите хемикалии PFAS во јајцата, вклучително и оние со највисоки концентрации, не се поврзани со фабриката, иако други се поврзани. Најавено е дека ќе бидат спроведени дополнителни тестови за да се направат заклучоците поверодостојни./Извор:Makfax