Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Додека берел костени со неговата невенчана сопруга, паднал од дрво и починал – Сопругата се обидела да ја напушти државата, но полицијата ја уапси

На 06.10.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени.

Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Прилеп – Донесено во болница починато бебе на возраст од осум дена

ДЕСК

Млада битолчанка погодена со тврд предмет на ракометен натпревар

ДЕСК

Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.