7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Скриншот / мвр видео
МАКЕДОНИЈА

МВР објави детали за масовната тепачка во Штип

На 06.10.2024 во 05.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип привеле неколку лица и тоа на возраст од 27, 20 и 22 години, сите од Кочани, затоа што околу 03.40 часот пред угостителски објект во Штип заедно со лице(34) од Штип го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со дри други лица, при што биле употребени тврди и остри предмети.

34 годишниот штипјанец бил повикан на службен разговор во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.