27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Соопштение на СДСМ:

За 100 дена Владата на Мицкоски покажа дека воопшто не е заинтересирана за земјоделците, гледаме неспособност и безидејност.

ДПМНЕ целосно ја заглави исплатата на субвенциите. СДСМ им остави чиста сметка, со нула долгови. Тоа што треба да се доисплати за што има пари, се субвенциите за тековната програма, за 2023 година. И по два месеци од ребалансот, се уште земјоделците немаат субвенции.

Бидејќи нема ниту една своја мерка ДПМНЕ се фали со мерките на СДСМ.
Откупната цена на грозјето не е зголемена поради ВМРО ДПМНЕ, туку тоа е резултат на новиот Закон за вино, кој го донесе Владата на СДСМ.

Зголемувањето на субвенциите за јачмен е мерка донесена лани, а годинава откупната цена на пченицата е многу пониска.

Но ДПМНЕ и Мицкоски не кажуваат што е со откупните цени на оризот, црвената пиперка и другите земјоделски производи.

Зошто нема гарантирани откупни цени, зошто нема дијалог со земјоделците ?

100 дена ВМРО ДПМНЕ не објави ниту еден јавен повик за ниту една мерка од ниту една програма. Но, нивната безидејност оди до таму, што укинуваат мерки кои се во интерс на земјоделците, како што е авансната исплата на субвенциите.

СДСМ нема да дозволи земјоделците да бидат оставени на цедило и ќе ги искористи сите механизми како опозиција во заштита на нивните интереси.