26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

НЕВИДЕН УЖАС ПО ПОПЛАВИТЕ ВО БОСНА: Бројот на загинати порасна на 18, многу се исчезнати

Катастрофални поплави со човечки жртви и огромни материјални штети синоќа погодија делови од Босна и Херцеговина. Според информациите од терен, најтешка е состојбата во Јабланица и Фојница.

Во овие две општини досега загинале 18 лица (16 во Јабланица, две во Фојница), а ништо подобра не е состојбата и во Кисељак, Крешево и Коњиќ.

Апокалиптични сцени денеска пристигнуваат во селото Злате кај Јабланица, кое според мештаните повеќе не се препорачува за живот.