Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Катастрофални поплави во Босна и Херцеговина – Пронајдени 14 тела на загинатите, бројката може да расте, ангажирани домашни и меѓународни воени сили

Дарко Јука, портпаролот на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон, објави дека се пронајдени 14 мртви тела и дека има „многу“ повредени, како и извештаи за исчезнати лица.

Обилните врнежи предизвикаа свлечишта и лизгање на земјиштето во Херцеговина и централна Босна во текот на ноќта од четврток кон петок, 4 октомври, а прогласена е „состојба на природна катастрофа“ во областа Јабланица и Коњиќ, кои се наоѓаат на половина пат од Мостар до Сараево. , каде водата во некои села поминувала преку покривите на куќите.

Јука рече дека во тој дел од државата патниот сообраќај е целосно во прекин, а телефонската комуникација делумно е прекината. Покрај свлечиштата, одроните и излеаните реки, таму беа уништени и мостови на реката Дрежањка. Патиштата од Јабланица кон градот Прозор-Рама пропаднаа.

Во градот Комадоново врело, на десет километри јужно од Јабланица, педесетина метри од главниот пат пропадна во реката Неретва.

Можеби ќе ве интересира

Сообраќајна несреќа кај Нови Сад, загина 16-годишен џудист на Партизан

C +

Комбе излета од автопат во Србија: едно дете загина, седум се повредени

C +

Хорор на автопатот Нови Сад-Белград; Дете загина, осум повредени во тешка несреќа

ДЕСК