Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека Соединетите Држави разговараат со Израел за можни напади врз ирански нафтени постројки откако Техеран лансираше речиси 200 балистички ракети кон Израел.
– Прво, не му дозволуваме на Израел. Го советуваме Израел. И денес ништо нема да се случи. Ќе разговараме за тоа подоцна – им рече Бајден на новинарите во Белата куќа на прашањето дали САД ќе му дозволат на Тел Авив да му возврати на Иран.
Запрашан за предлозите Израел да ги погоди иранските нафтени постројки, клучен извор на приходи за Техеран, Бајден рече: „Зборуваме за тоа“, додавајќи: „Мислам дека тоа би било малку…“, рече Бајден, не завршувајќи ја својата мисла.