22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Возел велосипед во пијана состојба! „Се напил“ и заработи пријава за насилно возење

Припадници на МВР во Суботица, Србија исклучиле четириесет и шестгодишен велосипедист поради насилно возење.

„Полицијата го пронашла утрово на периферијата на Суботица додека возел велосипед со 2,69 промили алкохол во организмот“, се вели во полициското соопштение кое е испратено до медиумите.

На возачот му е одредена мерка заддржување до 12 часа и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.